Другите пишуваат:
Извор: vardarfans.mk 20/03/2021
Кугларскиот тим Вардар го совлада во дербито битолски Пелистер, во дуел кој имаше тежина за вице-шампионската позиција. Вардар-А врза победи во дерби дуелите за втората позиција со дирекните конкуренти, КК ГТЦ и Пелистер. Победата изненадувачки беше обезбедена со високи 7-1.
Црвено-црните освоја дури 18,5 сетови наспроти само 5,5 на ривалот. Дојдовме до 3298 соборени дрва, битолчани имаа само 3100. Најдобар поединец беше Згонц со неверојатни 592, Коста Манев собори 549 дрва. Јанковиќ дојде до 549, а Коста Ристовски имаше 546. Голема победа за момците на Бранко Митиќ, на мечот кој се одигра во кугланата „Мусандра“, Вардарци по ова коло веќе се на чекор зад Макпетрол, тим кој извесно ќе биде шампион повторно. Следното коло тимот на Вардар-А е слободен.
Leave a Reply