Дарко Димитровски: Чест е да се претставува Македонија, со Вардар ќе излеземе на “мегдан“ на шампионите во овој спорт

Нашиот кугларски колектив,  Вардар ќе ја преставува Македонија на  овогодинешниот Светски Куп кој ќе се одржи во Запрешиќ, Хрватска. Иако Вардар со вицешампионското место во МКЛ доби право да учествува во вториот по квалитет Европа куп, поради изборот на шампионот Макпетрол да игра во НБЦ купот кој е трет по вредност, КК Вардар доби можност да бира помеѓу Светскиот Куп и Европа Купот. Вардарци се горди на можноста по втор пат во својата историја да се натпреваруваат рамо до рамо со најдобрите светски екипи – шампиони на своите земји.

Светскиот Куп ќе биде одржан во најновата и најмодерна куглана во Европа, на која Вардарци веќе имаа прилика да настапат пред некој месец на силен турнир по повод отворањето на овој спортски објект, при што победник беше екс вардарецот Бојан Влаќевски, а втор беше претседателот на КК Вардар , Димитар Димитровски.  За овој настап разговараме со потпретседателот на Вардар, и играч на црвено-црните Дарко Димитровски. Тој за оваа “евро-авантура“ која ќе се игра од 01.10 до 06.10. 2018г. во Хрватска вели:

По втор пат ќе бидеме дел од собирот на најдобрите светски кугларски екипи, што за нас претставува чест да бидеме претставници на Македонија. Првиот пат се покажавме во добро светло, тоа е реалната цел и овој пат.
Веќе имавме прилика да настапиме на кугланата која во октомври ќе ги нагости најдобрите 15 европски екипи, тоа е модерно чудо на технологијата, нешто досега невидено во кугларскиот свет. Тоа е еден плус мотив што не натера да не размислуваме воопшто околу прифаќање на приликата за учество.

Имавте избор помеѓу две натпреварувања откако местото во НБЦ-купот им го препуштивте на КК Хераклеа, каде ќе игра во истиот и Макпетрол. Судбината сакаше секако на мегдан да искочите со ваши поранешни соиграчи и пријатели во останатите натпреварувања. Кратко појаснување за истото?

Интересно е тоа што кој и куп да го избереме, ќе се соочиме со новите клубови на нашите Диме и Бојан. Ако изберевме Eвропа куп, противник ќе ни беше Мертојак со Димитар Димитровски (претседателот на Вардар) во нивните редови. А со изборот за учество на Светскиот куп, ќе се соочиме со Бојан Влаќевски, екс членот на Вардар кој од скоро е член на Запрешич, воедно и домаќин на ова натпреварување- дополнува Димитровски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*