Кугларскиот клуб Вардар во својата четврта сезона обезбеди четврти пат пласман во “кугларска Европа“, во претходните три години два пати ги браневме боите на Македонија на европски натпревари. Во третата иако имавме пласман по интерна одлука во тимот не настапивме. Црвено-црните повторно ќе ја претставуваат нашата земја, овој пат во Светски Куп кој ќе се одржи во Запрешиќ. Собирот во Хрватска ќе се одржи од 01.10 до 06.10. 2018. Иако Вардар со вицешампионското место во МКЛ доби право да учествува во вториот по квалитет Европа куп, поради изборот на шампионот Макпетрол да игра во НБЦ купот кој е трет по вредност, КК Вардар доби можност да бира помеѓу Светскиот Куп и Европа Купот. Вардарци се горди на можноста по втор пат во својата историја да се натпреваруваат рамо до рамо со најдобрите светски екипи – шампиони на своите земји.
И претходно, Вардар со успесите во домашната лига и Куп обезбедуваше места во европските купови. Првата сезона од постоењето бевме дел на НБЦ-купот се одржа во Австрија. На овој европски кугларски собир зема учество и нашиот црвено – црн кугларски колектив. За КК Вардар ова беше деби на европска сцена и веднаш добар резултат пласман во првата половина од 24 учесници на истиот, поточно завршивме на 10 место оставајќи зад себе 14 екипи со послаб пласман од нас. Покрај екипниот забележителен резултат и во поединчно имаме еден убав резултат, а тоа е пласманот на Бојан Влаќевски, тој се најде во топ-10 листата на завршениот турнир.
Во втората сезона заминавме за Италија, каде во се одиграше најквалитетното кугларско натпреварување “Светскиот куп“, тоа беше собирот на најдобрите 14 екипи на планетава. Вкупно се соборени на овој “Светски куп “ црвено-црните соборија 3473 “дрва“. Тоа беше доволно за 11 место, за жал САМО 39 “дрва“ ни фалеја за 8-та позиција која ќе не водеше во Лигата на шампионите. Тие овој настап го оценија тогаш како успешен, и велат дека настапот е според очекувањата. Се играше во два дена во првиот Димитровски Димитар со 612 “соборени дрва“ беше одличен, вториот ден блесна брат му Дарко кој впиша скор 593.
Leave a Reply