Другите пишуваат:
Извор: vardarfans.mk 01/10/2019 >
Kугларскиот клуб „Вардар“ изминатата сезона ја заврши на “бронзената“ позиција во Македонската кугларска лига и во Купот на Република Македонија во куглање. Со тоа обезбедувајќи си пласман во Европа момците на Драги Димитровски ќе ја претставуваат Македонија во “Европскиот Куп“.
Шампион во истото натпреварување од лани е тимот на Мертојак од Хрватска, екипа во која настапува претседателот на Вардар, Димитар Димитровски. Токму со овој тим од Сплит ние веќе одиграме подготвителен тест-дуел во Скопје, а и настапи на нашиот 8.септемвриски интернационален турнир.
Оваа година “Европскиот Куп“ се игра во Вараждин, Хрватска каде црвено-црната експедиција пристигна вчера. Истиот почнува денес (1.10) и ќе трае до 5.октомври. Вардарци се спремни за нови битки, атмосферата е на високо ново, момците се мотивирани, ова се ривалите кои не очекуваат:
Leave a Reply