Официјално Кугларскиот клб Вардар го пријави своето учество на годинешниот Светски Куп кој ке се одржи во Запрешиќ, Хрватска од 01.10 – 06.10. 2018
Иако Вардар со вицешампионското место во МКЛ доби право да учествува во вториот по квалитет Европа куп, поради изборот на шампионот Макпетрол да игра во НБЦ купот кој е трет по вредност, КК Вардар доби можност да бира помеѓу Светскиот Куп и Европа Купот. Вардарци се горди на можноста по втор пат во својата историја да се натпреваруваат рамо до рамо со најдобрите светски екипи – шампиони на своите земји.
Претходно такво искуство им го донесе 11 место од 15 екипи и само за 20тина кегли им избега 8то место кое води директно во Лигата на Шампиони во куглање. Интересен е фактот дека Светскиот Куп ќе биде одржан на најновата и најмодерна куглана во Европа , на која Вардарци веќе имаа прилика да настапат пред некој месец на силен турнир по повод отворањето на овој спортски објект, при што победник беше екс вардарецот Бојан Влаќевски, а втор беше претседателот на КК Вардар , Димитар Димитровски. Кугланата е добра шанса за нашите куглари да направат свои најдобри резултати, како и значително подобрување на екипниот пеформанс.
Leave a Reply