В четврток Вардар на мегдан со првакот на „Европскиот Куп“, тимот на Мертојак

Кугларскиот клуб Вардар  на големо се  подготвува за новата сезона каде ќе настапи во домашниот шампионат, Купот, и ќе ја преставува Македонија во кугларска Европа. Избраниците на Драги Димитровски го дефинираа  и првиот тест-дуел и тоа ни помалку ни повеќе против европски гигант во овој спорт. Тимот на Мертојак од Хрватска ќе биде наш ривал на оваа контролна средба.

Мечот ќе се одигра  во четврток на   5.септември  во кугларницата „Мусандра“ во Градскиот трговски центар во Скопје. Нашиот ривал имаше одлична сезона, тој стана шампионот во хрватскиот Куп, потоа ја освои титулата, шампион во Европскиот Куп, каде совлада сериозни екипи од овој спорт. Во домашната лига беше вице-првак, оваа сезона имаат за цел да ги одбранат двете титули и да ја нападнат националната.

На оваа средба која ќе се игра со почеток во 19-00 часот, двата тима ќе тестираат со по осум играчи, со цел подобра подготовка на двата тима.

 

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*