Ристиќ: Возбуден сум што станав дел од Вардар

Кугларскиот клуб Вардар овој преоден рок се засили со две нови имиња, Ристиќ Зоран и Милош Миливојевиќ.  Во нашите редови од тимот на КК 18 Август премина Ристиќ, млад куглар кој беше дел од поширокиот список на македонската кугларска репрезентација. Во продолжение ви ги носиме  првите негови впечатоци по преминот во црвено-црниот тим. Тој не запознава и со неговиот кугларски пат досега:

Почетоците во куглањето ми се некаде 2008-2009 најпрвин во кугларскиот клуб “Цер” кој за жал веќе повеќе години не постои. Во 2012 станувам член на 18ти Август каде куглав се до сега. Доста сум возбуден за трансферот и ми претставува огромно задоволство да бидам дел од колективот на Вардар. Очекувам одлична атмосфера за тренирање и квалитетна конкуренција помеѓу соиграчите, која верувам ќе допринесе и клубот да цели кон што повисок пласман како на домашен така и на интернационален план. Чест ми е што ќе бидам дел од овој тим и воедно ми е остварување на една од детските желби…
Да бидам дел од приказната наречена ВАРДАР– завршува Ристиќ.

Извор: vardarfans.mk

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*