Куглање: Вардарци лесно го совладаа 18-ти Август

Во рамки на 7.коло во Македонската кугларска лига екипата на Вардар беше гостин на тимот на КК 18-ти Август. Црвено-црните избраници на Драги Димитровски дојдоа до втора убедлива победа сезонава над истиот ривал. Триумфот дојде со резултат 1-7.

За нас поенираа Тодоровски, Ристовски, Згонц, Димовски и Димитровски. Во соборени “дрва“ бевме доминантни и победвивме со 3203 спрема 3041. Во сетови бевме поупешни со освоени двојно повеќе односно 16 спрема 8 во однос на ривалот. Кај нас највисок скор имаше Маријан Згонц кој собори 565 “чуња“ на оваа средба, Димотровски Дарко имаше сличен ефект тој собори само едно “дрво“ помалку. Веќе денес не очекува нов предизвик дерби дуелот со тимот на КК Пелистер.  Токму тој дуел е од исклучително значење во битката за вице-шампионската позиција која ја посакуваме.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*