Поранешниот вардарец и македонски репрезентативец, Бојан Влаќевски стана европски клубски првак. Тој со тимот на Запрешиќ каде направи трансфер од Вардар поради големиот квалитет кој го има ја освои титулата во Лигата на Шампионите, во оваа победа неговиот скор беше феноменален.
Тие со минимални 5-3 по голема борба ја добија екипата на ЗП Спорт Подбрезова од Унгарија во финалето. Влаќевски имаше 679 “соборени дрва“, исто така во полуфиналето тој блесна кога беше близу 700ката, односно имаше 696. Дел од овој тим е уште еден македонец, Манев Бранко. Во Лигата на Шампиони во куглање играа 16 најдобри европски тима, најдобрите четири обезбедија место на завршниот Ф-4 кој се играше во Хрватска.
Leave a Reply