Куглање: Македонија по 6 години повторно на СП, вардарците браќата Димитровски се најдоа на списокот

Македонската кугларската репрезентација по пауза од над  шест години повторно ќе биде дел од еден голем планетарен собир. Пред се благодарение на големите напори кои ги вложија новите раководни луѓе во федерацијата, Македонија успеа да пријави своја екипа на претстојното Светско првенство, кое ќе се одржи во Чешка.

Селекторот  на црвено-жолтите, хрватот Дамир Фучкар кој е дел од македонската селекција го објави список на повикани куглари, список кој е поделен во две групи. Првата група е составена од четворица куглари кои сигурно ќе настапат на Светското првенство – Борис Бенедик, Бојан Влаќевски, Дамир Фочкар и претседателот на КК Вардар, Димитар Димитровски, Во другата се наоѓаат десет куглари кои ќе се борат за преостанатите шест места, меѓу нив е и Дарко Димитровски член на црвено-црниот тим.

  • Поширок список на селекторот Фучкар за СП во Чешка: 

1. Сашо Трпковски 
2. Младен Донковски
3. Александар Соколовски
4. Ибрахим Мемеди 
5. Игор Беличански
6. Дарко Димитровски 
7. Зоран Ристиќ 
8. Кристијан Костов
9. Пецо Димовски 
10. Никола Андоновски 

Во месец мај ќе се одигра Светското првенство во Чешка, црвено-жолтата селекција за потсетување на ваков собир играла во 2013 кога го оствари и најголемиот успех, освојувањето на сребрениот медал.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*