Викендов после долги шест месеца одложување започнуваат возбудувањата во македонското куглање. Федерацијата смени раководство и од овој викенд со големо задоцнување започнува сезоната 2018/2019 во овој спорт. Македонската кугларска лига-МКЛ ќе има два кругa, со динамичен распоред со цел да се одигаат истите до пред почетокот на летото.
Познати се паровите за првото коло и тие изгледаат вака:
ГТЦ Мусандра – Империал Тобако ТКС
Макпетрол – КК Вардар 2014
18 Август 2016 – Хераклеа
Во првото коло има дуел за “кугларските сладокусци“, македонското дерби. Вардар кој лани беше вице-првак игра в гости со шампионот на Македонија, тимот на КК Макпетрол. Позната и саатницата, дербито ќе се игра напладне во 12-00 часот. Дуелот ќе се игра во утре, сабота, 9.март во кугланата “Вип“ во склоп на Спортскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје.
Leave a Reply