Куглање! МКЛ по 6 месеци “под мраз“ конечно почнува, Вардар во 1.коло игра дерби со Макпетрол

Конечно по долги и тмурни  шест месеца во македонското куглање пристигнува нова, позитивна вест. Федерацијата смени раководство и од овој викенд со големо задоцнување започнува сезоната 2018/2019 во овој спорт. Македонската кугларска лига-МКЛ ќе има два кругa, со динамичен распоред со цел да се одигаат истите до пред почетокот на летото.

Покрај лигата, има договор за одигрување и на Купот на Република Македонија во куглање. Истиот ќе се игра во месец јуни. Кога сме кај Вардар, момците на Драги Димитровски уште по божиќ тренираа и исчекуваа расплет. Во првото коло има дуел за “кугларските сладокусци“, македонското дерби. Вардар кој лади беше вице-првак игра со шампионот на Македонија, тимот на КК Макпетрол. 

Дуелот ќе се игра во сабота, 9.март  во кугланата “Вип“ во склоп на Спортскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје. Место каде домаќинот на овој дуел, сино-жолтиот тим ќе ги игра домашните натпревари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*