По крајот на новогодишните празници веќе на 3.јануари, Драги Димитровски ги отпочна зимските подготовки со кугларскиот клуб Вардар. Момците се подготвуваат за пролета каде имаат голем број на предизвици на домашна сцена.
Македонската кугларска лига, МКЛ е “блокирана“ наесен не се одигра ништо па се очекува по веќе завршениот избор на органите во федерацијата да се донесе одлука за започнување на истата. Покрај лигата напролет треба да се реализира и Купот на Република Македонија во куглање. Вардарци тренираат во кугларницата “Мусандра“ во Градскиот трговски центар во Скопје.
Leave a Reply