Куглање: Димитар Димитровски победник на новогодишниот турнир

Вчера  во кугларницата “Мусандра” во Градскиот трговски центар во Скопје, Кугларскиот клуб Вардар  го одржи веќе традиционалниот новогодишен поединечен клубски турнир.  По одиграните квалификации се одиграа најпрвин 1/4-финални, а потоа и 1/2-финални дуели. Место во најдобрите четири обезбедија Димитровски, Гиевски, Митиќ и Ристовски. Димитровски обезбеди финале со победата над Митиќ, апак Ристевски се квалификуваше во последниот дуел со победата во полуфиналето над Гиевски.

\"r4\"

Следеше одигрувањето на последните две средби за прерасподелба на одличјата, во  финалето се сретнаа претседателот на клубот, Димитар Димитровски и Коста Ристевски.  Македонскиот интернационалец кој моментално настапува во Хрватска, Димитровски со 2-0 во финалето го совлада својот ривал и дојде до пехарот. Во дуелот за “бронзата“, Влатко Гиевски беше поуспешен од Бранко Митиќ исто така со 2-0 во еден интересен дуел.

\"r2\"

 Целта на овој турнир е дружба и подобрување на хемијата на тимот, воедно и сумирање на впечатоците на свечената вечера потоа која следеше во еден од скопските ресторани.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*