Денес во кугларницата “Мусандра” во Градскиот трговски центар во Скопје, Кугларскиот клуб Вардар ќе го одржи веќе традиционалниот новогодишен поединечен клубски турнир. На него ќе земат учество црвено-црните куглари. Истиот е со цел дружба и подобрување на хемијата на тимот, воедно и сумирање на впечатоците на свечената вечера потоа од изминатата сезона.
Годинава по настапот во Хрватска на меѓународна сцена, вардарци едноставно паузираат. Домашната лига е “замрзната“ поради промена на структурата во федерацијата. Дополнително за истата ситуација ќе пишуваме наскоро. На кугларскиот колектив му посакуваме успешна 2019 година на сите полиња, на домашен и на меѓународен план.
Leave a Reply