Куглање! Нивниот квалитет не можеше да не биде забележан, Димитровски и Влаќевски потпишаа за двете најамбициозни хрватски екипи

Екс Вардарците, членовите на најдоброто кугларско македонско дуо, Димитар Димитровски и Бојан Влаќевски ја менуваат средината. По одличната сезона во Медвешчак каде тимот го донесоа на убедлив начин во хрватската кугларска елита, почна “ловот“ за нивни потпис од најдобрите хрватски клубови.

Хрватските гиганти во овој спорт, “загризаа“ за потписот на овие двајца момци кои имаа најдобар просек во лигата во која настапија лани во Хрватска. Покрај тоа тие и претходно како дел од Вардар секоја сезона имаа најдобар скор по крајот на било кое натпреварување, дали е Македонската кугларска лига, Купот на Македонија или поединечното првенство каде одиграа меѓусебно финале. Нивниот квалитет беше “аларм“ за двата тима кои изминатите две сезони се бореа за престолот и по еднаш го освоиа.

\"dime-2\"

Претседателот на КК Вардар, Димитар Димитровски преминува во екипата од Сплит, КК Метројак. Овој тим има две одлични сезони во првата хрватска кугларска лига која по квалитетот е далеку над другите балкански лиги. Тие лани беа вице-прваци, а сезоната претоа беа шампиони. Овој тим ќе атакува повторно на највисокото место во лигата и оваа сезона.
Бојан Влаќевски ќе игра за другиот ривал, тимот на КК Запрешиќ кој пак оваа сезона беше шампион, а сезоната претоа беше вице-првак зад тимот на КК Метројак Сплит. Очигледно ни престои македонско дерби во хрватскиот шампионат, дуото екс пулени на Драги Димитровски овој пат ќе биде на две различни страни.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*