Кугларите заминаа за Хрватска, Вардар ќе ја претставува Македонија на “Светскиот Куп“

Денес црвено-црната експедиција на кугларскиот колектив замина за Хрватска, каде во Запрешиќ ги очекува европски предизвик. Тие ќе ја преставуваат нашата земја Република Македонија на  Светски Куп.

Овогодинешниот собир ќе се одржи од денес, се до    06.10. 2018.  Иако Вардар со вицешампионското место во МКЛ доби право да учествува во вториот по квалитет Европа куп, поради изборот на шампионот Макпетрол да игра во НБЦ купот кој е трет по вредност, КК Вардар доби можност да бира помеѓу Светскиот Куп и Европа Купот. Вардарци решија  втор пат во својата историја да се натпреваруваат рамо до рамо со најдобрите светски екипи – шампиони на своите земји.

Составот на Вардар за жал на овој турнир е биде десеткуван,  патуваат само дел од момците, шефот на стручниот штаб, Драги Димитровски  на располагање ќе ги има:  Дарко Димитровски,   Георг Поп-Крстев,  Бранко Митиќ,  Влатко Гиевски, Тони Тодоровски и Стојановски Влатко.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*