На 8.септември кугларскиот клуб Вардар ќе биде домаќин на најсилните екипи од ЕХ Ју просторите во рамки на вториот вардаров Интернационален турнир “8-ми септември“. Турнирот се организира по повод денот на независноста на Република Македонија. Дефиниран е форматот на турнирот на истиот ќе играат екипи од четири екс Ју републики, Србија, Хрватска, Словенија и Македонија. Учесници се екипите на КК Партизан и КК Београд од Србија, хрватски КК Метројак, од Словенија преставник ќе биде тимот на КК К.Камник, а од нашата земја покрај Вардар учество ќе земе и тимот на КК ГТЦ Мусандра.
Вардар ќе има тешка задача на овој натпревар каде ќе биде собран “кремот“ на балканското куглање. Па затоа нашиот ростер за овој турнир ќе биде додатно засилен. Во нашите редови ќе настапи поранешниот вардарец и сегашен играч на хрватски от шампион КК Запрешиќ, Бојан Влаќевски играч за кој нема потреба да се кажуваат епитети бидејќи тој покажува на терен кој е и што е. Покрај него засилени ќе бидиме и со поранешниот играч на Медвешчак, одличниот Миливоевиќ Милош. Тој заедно со Влаќевски и претседателот на црвено-црните играше во исти тим во хрватската лига. Кога сме кај претседателот, Димитар Димитровски големи се шансите и он да настапи за нашиот состав.
Leave a Reply