Дефиниран списокот, шест екипи од четири ЕХ ЈУ земји ќе бидат учесници на вардаровиот турнир

И овој септемви повторно кугларскиот клуб Вардар ќе биде домаќин на најсилните екипи од ЕХ Ју просторите во рамки на  вториот вардаров Интернационален турнир “8-ми септември“. Овој силен собир   ќе се одржи  в сабота, на 8-ми септември во Скопје. Турнирот се организира по повод денот на независноста на Република  Македонија.

Списокот на учесници веќе  е дефиниран, на овогодинешниот турнир ќе играат шест екипи, од четири екс-Ју републики. Србија ќе има два тима, екипи кои завршија на првите две позиции лани, а  по еден преставник ќе имаа од Хрватска и Словенија. Списокот изгледа вака:

  1. КК ВАРДАР (ДОМАЌИН, МКД)
  2. КК БЕОГРАД (СРБИЈА, ПРВАК)
  3. КК ПАРТИЗАН (СРБИЈА, ВИЦЕПРВАК)
  4. КК МЕТРОЈАК (ХРВАТСКА, ВИЦЕПРВАК)
  5. КК К.КАМНИК ( СЛОВЕНИЈА, ВИЦЕПРВАК)
  6. КК ГТЦ Мусандра (МАКЕДОНИЈА)

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*