Во полн ек се подготовките за вториот вардаров Интернационален турнир “8-ми септември“. Тој ќе се одржи в сабота, на 8-ми септември во Скопје. Истиот се организира по повод денот на независноста на Република Македонија. Лани црвено-црниот клуб организираше една прекрасна кугларска манифестација со најсилните тимови од ех ју просторите.
КК Вардар уште еднаш покажа дека е голем тим, бидејќи со максимален напор се обидува да го афирмира македонското куглање. Црвено-црните се прв македонски тим кој организира силен меѓународен турнир и повикува домашна екипа. Станува збор за тимот на КК ГТЦ Мусандра која ќе се натпреварува на црвено-црниот турнир покрај нас и силните балкански тимови. По прифаќањето на поканата од скопскиот тим веќе се познати пет учесници. Прв тим кој го потврди учеството е силната екипа на КК Белград, шампионот на Србија. Токму они се првите освојувачи на пехарот на вардаровиот турнир, откако лани беа најдобар тим на истиот. Втора екипа која е веќе потврдена е тимот на Метројак од Хрватска, екипа која оваа сезона беше вице-првак, а сезоната претоа шампион во екстра силниот хрватски шампионат. Дел од оваа екипа во новата сезона ќе биде и Димитар Димитровски, претседателот на Вардар. Треттиот тим кој веќе го потврди учеството е вице-првакот на Словенија, тимот на КК Калцит Камник.
Leave a Reply