Кугларскиот црвено-црн колектив, Вардар во својата четврта сезона обезбеди четврти пат пласман во “кугларска Европа“, во претходните три години два пати ги браневме боите на Македонија на европски натпревари. Во третата иако имавме пласман по интерна одлука во тимот не настапивме. Црвено-црните повторно ќе ја претставуваат нашата земја, овој пат во Светски Куп кој ќе се одржи во Запрешиќ.
Овогодинешниот собир во Хрватска ќе се одржи од 01.10 до 06.10. 2018. Иако Вардар со вицешампионското место во МКЛ доби право да учествува во вториот по квалитет Европа куп, поради изборот на шампионот Макпетрол да игра во НБЦ купот кој е трет по вредност, КК Вардар доби можност да бира помеѓу Светскиот Куп и Европа Купот. Вардарци се горди на можноста по втор пат во својата историја да се натпреваруваат рамо до рамо со најдобрите светски екипи – шампиони на своите земји. Денес како што известија на странициата на Кугларската федеција на Македонија позната е саатницата за настапи на нашиот тим на овој натпревар.
*Саатниците за настап на црвено-црните на овој настан може да ги најдете на следниот ЛИНК!
Leave a Reply