Веќе на големо се започнати подготовките за вториот вардаров Интернационален турнир “8-ми септември“. Тој ќе се одржи в сабота, на 8-ми септември во Скопје. Истиот се организира по повод денот на независноста на Република Македонија. Лани црвено-црниот клуб организираше една прекрасна кугларска манифестација со најсилните тимови од ех ју просторите. Годинава повеќе од очигледно е дека истото ќе се постигне повторно, веќе три силни екипи го потврдија своето доаѓање, а наскоро се очекува уште неколку тимови да го сторат истото.
Прв тим кој го потврди учеството е силната екипа на КК Белград, шампионот на Србија. Тие втора година доаѓаат на турнир во Скопје и како и минатата така и оваа година доаѓаат како “владетели“ во домашниот шампионат каде и оваа сезона се закитија со титула.Токму они се првите освојувачи на пехарот на вардаровиот турнир, откако лани беа најдобар тим на истиот. Втора екипа која е веќе потврдена е тимот на Метројак од Хрватска, екипа која оваа сезона беше вице-првак, а сезоната претоа шампион во екстра силниот хрватски шампионат. Дел од оваа екипа во новата сезона ќе биде и Димитар Димитровски, претседателот на Вардар. Треттиот тим кој веќе го потврди уеството е вице-првакот на Словенија, тимот на КК Калцит Камник, екипа со која црвено-црните одиграа пријателски средби кај нив. Екипата на Камник лани допатува во Скопје како шампион на својата земја.
Leave a Reply