Другите пишуваат:
Извор: vardarfans.mk 29/01/2024
Викендов започна со одигрување пролетниот дел од Македонската кугларска лига, МКЛ. Во првата рунда во 2024 година, црвено-црните момци беа домаќини во дербито на КК Пелистер. Вардарци беа поуспешни и го совладаа тимот од Битола на оваа важна средба за „сребрената“ позиција на табелата.
Нашиот тим оствари победа со резултат 5-3, во сетови бевме подобри со 14-10. Црвено-црните имаа екипно соборено 3229 „дрва“ или 83 повеќе од ривалот кој дојде до бројката 3142 на оваа средба во кугларницата „Мусандра“ ви Градскиот трговски центар во Скопје. Кај нас се истакнаа со најдобар резултат поранешниот член на ривалот, а сега вардарецот, Пецо Димовски (553) и искусниот Манев Костадин (555). Покрај нив поентираше и Саша Јанковиќ со 534 “соборени“ дрва на оваа средба со зелено-белите.
Leave a Reply