Новата сезона 2018/2019 во македонското куглањето е пред нас, подготовките на Вардар тргнуваат наскоро. Зад нас е “окончаната“ сезона 2017/2018 година во Македонската кугларска лига. Вардарци во истата беа ослабнати со неколку заминувања и со послаб персонален состав од лани, но со исти амбиции. Целта беше “сребрената“ позиција, вице-првак зад богатиот тим на шеснаесет кратниот шампион, КК Макпетрол, а пред сите други тимови во земјава. КК Вардар сезоната ја заврши со 10 победи од 15 дуела, или победуваме на два меча од три одиграни оваа сезона, што е одлично за овој ростер. Вкупно 18 пати имавме играчи во топ-6 листата на колото, истата се формира по завршување на колото и во неа влегуваат најдобрите шест резултати на играчите од сите дуели.
Кога сме кај бројот на партиципирање на нашите играчи во идеалниот тим лидер е младиот Георг Поп-Крстев. Најмладиот вардарец има пет места во идеалната топ-6 постава на колото, од кои четири оваа пролет. Тој покажа квалитет оваа сезона достоен за почит. Веднаш зад него со по четири места во топ-6 листите се капитенот Миле Димковски кои е константен играч и оваа сезона одличниот Влатко Стојановски. Коста Ристевски кој воедно е во топ-10 поединечни просеци на сезоната ( со просек од 555,1) има две места во идеалниот тим, колку што впиша и Дарко Димитровски. Еднаш дел од “идеалните“ беше и искусниот М. Згонц.
Во новата сезона тргнуваме со целосно зачуван ростер, сите играчи остануваат во црвено-црниот тим. Оваа сезона ќе играме во Светски Куп кој ќе се игра во Запрешич-Хрватска. Познати се и термините, саатниците истите може да ги погледнете ОВДЕ
Leave a Reply