Другите пишуваат:
Извор: vardarfans.mk 06/07/2023
Кугларскиот тим Вардар донесе неколку одлучки за следната сезона, една од нив е дека ќе настапува со еден тим во Македонската кугларска лига. Покрај тоа има две заминувања од ростерот.
Претседателот, воедно најдобриот играч на Вардар и најдобриот во лигата, Димитар Димитовски повторно ќе игра во Хрватска. Неговиот квалитет е на далеку познат, мак.репрезентативецот во следната сезона ќе биде дел од Метројак. Тимот кој лани беше вице-првак во силната хрватска кугларска лига, кај нив Димитовски е старо-ново име со кој сезонава ќе го напаѓаат трофејот на домашен терен и ќе бараат успех во европските купови.
Во 2021 веќе беше член на нивниот тим тоа беше најуспешна нивна сезона кога беа двојни шампиони во европа и во домашната конкуренција.
Влатко Гиевски ќе биде позајмен идната сезона на тимот на КК ГТЦ Мусандра од Скопје.
Leave a Reply