Димитровски со неверојатни во 638 во братскиот дуел

Другите пишуваат:
Извор: vardarfans.mk 18/03/2023

Во рамки на 11.коло во македонската кугларска лига во 11.коло своите сили ги одмерија двата тима на кугарскиот тим Вардар, сосема очекувано тимот „А“ беше подобар на резултатски план од Вардар-Б.

Вардарци одиграа интересен меѓусебен натпревар во кој  го доби А-тимот со максимални 8-0 во поени,  во сетови 20-04, а во “дрва“ беше 3356 наспроти 3011. На овој натпревар се одигра и најдобрата партија на сезоната на еден куглар,  рекорден резултат, а кој друг ако не Димитровски Димитар. На натпреварот кој се одигра во кугларницата „Мусандра“ во ГТЦ Скопје,  собори неверојатни 638 „дрва“ имаше соборено  408 на “полни“ и 230 на „чистење“. Честитики за еден ваков вонсериски настап на вардаровиот претседател.  Втор најдобар скот во победничкиот тим имаше Пецо  Димовски со  568 „соборени дрва“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*