Во рамките на 1 коло од Македонската Кугларска Лига, кугларите на КК Варадар 2014 А го одиграа дерби натпреварот против бранителот на титулата КК Макпетрол-А. Црвено-црните беа домаќини на оваа средба и ја започнаа со тројката: Милош Миливојевиќ, Коста Ристевски и Коста Манев. По првиот блок Вардар поведе со резултат 2 : 1 во сетрови и 41 поен разлика. Сетовите за варадарци ги освоија Милош Миливојевиќ и Коста Манев кој беше и играч на колото со резултат 593.
На дуелот кој се одигра во кугларницата „Мусандра“ ривалот го доби вториот блок со 0 : 3 во сетови. За Вардар настапија Драги Ѓорѓиевски, Пецо Димовски и Димитар Димитровски. Голем хедникеп за екипата на КК Вардар 2014 А беше тоа што за овој дуел поради повреда нашиот репрезентативец Дарко Димитровски не беше дел од составот за дербито. Вардар на крајот имаше 3258 „соборени дрва“ а противникот КК Макпетрол 3317 или 2 : 6 во сетови.
Во рамките на истото коло се одигра и натпреварот КК Вардар 2014 Б наспроти екипата од Битола ЖКК Пелистер Пин. Момците од Б тимот рутински ја искористија предноста на домашниот терен и ја започнаа сезоната со победа од 7 : 1. Бодовите за Вардарци ги освоија : Влатко Стојановски, Ивица Петрески, Влатко Гиевски, Љупчо Митиќ и Столе Ѓорѓиевски, додека поенот за девојките го освои Стефанија Алексовска. Вардар Б натпреварот го заврши со вкупно 3044 „соборени дрва“ а противникот 2652.
Линк до преглед на колото на страната на КФМ
Leave a Reply