Вардар А и Б со победи во 3.коло во МКЛ

Другите пишуваат:
Извор: vardarfans.mk 28/09/2022

Третото коло од Македонската кугларска лига донесе 4 квалитетни натпревари вардарци имаа два дуела и две победи.

Пелистер 1982 Б овој натпревар го започна со предност од 2:1 во првиот блок на куглари. Но, Вардар 2014 Б во своите редови го имаше Љупчо Митиќ кој со одлична игра од 3 сета го реши победникот. На крајот Митиќ имаше одлични 560 дрва и беше играч на натпреварот. Овој натпревар заврши 5:3 и само 16 дрва разлика за домаќините. Поените за Вардар покрај Митиќ ги освоија и Стојановски и Гиевски, додека кај Пелистерци, поените ги освоија Ристевски, Колев и Божиновски.

А екипата на Вардар 2014 A беше домаќин на девојките од Пелистер Пин. Овој натпревар беше без возбудување и битолските девојки немаа сила да освојат ниту еден поен, а вардарци уште еднаш потврдија дека се квалитетен состав за висок дострел оваа сезона. На овој натпревар за истакнување е најдобриот резултат на 3-тото коло од Димитар Димитровски со 598 и кај девојките Андреа Вељановска со 523 дрва.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*