Другите пишуваат:
Извор: vardarfans.mk 04/08/2022
Кугларскиот тим „Вардар“ се засилува со еден од најдобрите топ-3 македонски куглари, во тимот по неколку сезони се враќа Димитар Димитровски. Старо-новиот вардарец кој беше дел од тимот кој го освои првиот Куп пехар на црвено-црните, ќе донесе екстра квалитет во тимот за престојната сезона во МКЛ.
Не треба да се трошат многу зборови за овој играч, Димитар по речиси пола деценија се враќа во својот вардаов тим, во меѓувреме настапуваше со успех во странство и за мак селекцијата. Освојуваше државни ни и европски титули во својот интернационален период од кариерата.
По заминувањето од Вардар во една од најсилните хрватски лиги, најпрвин играше за Медвешчак заедно со Бојан Влаќевски и Милош Миливоевиќ, тој тим го препородија и од второлигаш го вратија во хрватската кугларска елита. Следеше плоден период во тимот на Метројак, во кој Димитровски „жнееше“ пехари. Две шампионски хрватски титули впиша зад своето име, а два пати стана шампион на Европа. Следеше настап и во австриската лига каде дојде до вице-шампионската титула со тимот на Неуeнкирхен.
Овој искусен играч ќе ја подобри играта на тимот, неговите лидерски способности ќе донесат нови ветришта во црвено-црните. Дефинитивно Вардар ќе има големи амбиции во престојната сезона по засилувањето со вакво име.
Leave a Reply