Викендов се одржуваше второто коло од МКЛ (Македнoската кугларска лига) и на „менито“ беше вечното дерби, Вардар 2014 од Скопје како домаќин на екипата на Пелистер 1982 од Битола.
Црвено црните иако во ослабен состав беа благ фаворит во дуелот со гостите од Битола кој се одржа во кугларницата Мустандра во Скопје. Мечот почна неизвесно. Вардар започна со „ветеранска“ прва постава: Б. Митиќ, Т. Тодоровски и К. Ристевски, кој наиде на проблеми па беше извршена замена во вториот сет со влегувањето на З. Ристиќ. По првата постава резултатот во добиени поени беше 1,5 – 1,5 и благо водство на Вардар во вкупно соборените „дрва“ од само 37. (1530 – 1493)
Во вториот блок настапија искусните: Георг Поп-Крстев, Дарко Димитровски и Саша Јанковиќ. Тука вардарци ги постигнаа своите највисоки резултати за оваа средба и ја потврдија борбата за одбрана на минатогодишната шампионска титула. Сите имаа одличен настап и одлично им парираа на конкурентите од „зелено-белите“. Д. Димитровски (555) С. Јанковиќ (550) и Георг Поп-Крстев (533) ја зголемија вкупната разлика и со добивање на два од вкупно трите ја потврдија победата на Вардар со конечен резултат:
Вардар 2014 – Скопје 5,5 (3168) – (3071) 2,5 Пелистер 1982 – Битола
Следниот натпревар кој Вардар ќе го игра ќе биде гостувањето кај „новоформираниот“ Макпетрол Б состав во А1 Кугланата – СЦ Борис Трајковски на 22 Јануари 2021 година.
Leave a Reply