Вардар не престанува со изненадувања!

Пред самиот старт на новата сезона, уште едно пријатно изненадување ни доаѓа од редовите на К.К Вардар 2014. Имено, нашиот клуб ја продолжува традицијата на сочувување на македонското кугларско првенство, со тоа што реактивира стари, но се труди да донесе нови лица во куглањето.

Како ново име во таборот на Вардар ќе биде претставен Драги Ѓорѓиевски, поранешен куглар, трикратен македонски шампион во Боулинг и единствен претставник на Македонија на три светски првенства во Боулинг последователно (Лас Вегас, Шангај, Индонезија).

Драги исто така доаѓа од кугларско семејство, тој во минатото има настапувано за ТКС Империјал Тобако и 18 Август Адинг.

Му посакуваме топло добредојде во шампионското семејство на Вардар, очекуваме брзо вклопување, со оглед на долгогодишната пауза и што повеќе врвни резултати.

Со овој потпис Вардар и те како покажува дека има цврста намера да ја одбрани шампионската круна годинава, но и сериозен атак на двојната круна.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*