Другите пишуваат:
Извор: vardarfans.mk 07/06/2021
…Дали крајот вака мириса…
…Макпетрол од сезоната 2002/2003 до изминатата во низа беше шампион во македонското куглање. Во 2014 година група ентузијасти предводени од семејството Димитровски: кугларите кои го преземаа раководењето: Дарко и Димитар, заедно со тренерот Драги го вратија Вардар на кугларската мапа. Освоивме во меѓувреме пехари во Купот, но сонот беше лигата која сега се насмевнува, црвено-црните се на само чекор до пехарот…
Викендов вардарци ги положија сите кугларски испити, буквално минаа низ кугларски пекол, во големото дерби онака како што доликува на тим кој сака да биде Шампион во директен дуел го совладаа Макпетрол, а вчера играа за само 24 часа ново дерби. На мегдан излеговме со силниот тим на ГТЦ. Заморот беше лош сојузник, но вољата, желбата за титула надвладеаа. Полетно, тимски, сигурно дојдовме до убедлив триумф со високи 7-1, тимската хемија е на високо ниво, играчите се мотивирани, во тоа се уверивме и при нашата посета по дербито со „пумпашите“.
На дербито со КК ГТЦ во „Мусандра“ соборивме 3240 „дрва“ наспроти 3183 на скопскиот ривал. Во сетови имавме убедливи 9.повеќе односно 16,5 наспроти 7,5. Големото засилување ова зимо, искусниот Манев впиша 570 “чуња“ на овој дуел, поентирајќи во дуелот, и донесе високи 54 “дрва“ предност од неговиот двобој. Непогрешливи беа и победија во дуелите со ривалот: Марјан Згонц, Милош Миливоевиќ, Саша Јанковиќ и Дарко Димитровски. Победата само покажа дека овој тим заслужува највисоки почести.
Следен предизвик е двобојот со битолските екипи, машката и женската екипа на „Пелистер“ со две победи веќе во недела пехарот ќе го „обоиме“ црвено-црно, и ќе оствариме сон на еден човек кој многу даде за оваа екипа, тренерот кој се бореше и создаде тим, личности, куглари, борци кој за жал замина во вечноста, г-н Драги.
Leave a Reply