Другите пишуваат:
Извор: vardarfans.mk 05/06/2021
Тимот кој две децении владее со мак.куглањето, екипата на Макпетрол е на добар пат да биде детронизирана. Вардар-А денес во дербито го совлада ривалот со 5-3 и му се одлепи на три бода на 4.кола до крајот. Црвено-црните имаат отворен пат до првата круна, но има за играње уште три дуели за нив, од кој два се дерби, утрешниот со КК ГТЦ во „Мусандра“ и гостувањето во Битола кај Пелистер.
На денешната средба победата дојде со минимални ( во куглањето) 5-3, беше неизвесно се до последната кугла. Вардар и „пумпашите“ имаа 3-3 во играчи, решавачки беше вкупниот збир. Црвено-црните соборјна 3310 „дрва“, наспроти 3267 на актуелниот шампион. Во сетови бевме подобри со 13,5-9,5.
Најдобар поединец кај нас беше Манев со 597, покрај него поенираа Згонц (538) и Дарко Димитровски со 528, тој за ривали имаше три играчи кои се менуваа на „мегданот“. Јанковиќ имаше 536, одлични беа и Поп-Крстев и Милош Миливоевиќ.
Сите честитки до црвено-црните момци, на добар пат се да го симнат Макпетрол од врвот, екипа која од сезоната 2002/2003 навака успева да дојде до пехарот без прекин.
Leave a Reply