Името на спортскиот бренд Вардар игра многу важна улога во текот на последните 30 години и во куглањето , иако е редок и малку застапен спорт во нашата држава.
После згаснувањето на Кугларскиот Клуб Вардар кој беше дел од Спортското Друштво Вардар во 2007 година како неколкукратен шампион на Македонија и освојувач на меѓународни одличја, група ентузијасти-куглари одлучија да го оживеат името Вардар во овој спорт, создавајќи го Кугларскиот Клуб Вардар 2014 Скопје – 29.04.2014 е официјалниот роденден на овој клуб. Основачи се Димитар Димитровски, Дарко Димитровски, Драги Димитровски, Коста Ристевски и Дарко Димовски – сите докажани кугларски имиња.
Сезоната 2014-2015 во Македонската Кугларска Лига (МКЛ) е првата за новосоздадениот клуб. Во него членуваа(т) многу докажани и познати имиња за кугларскиот свет како Димитар Димитровски, неколкукратен македонски шампион, репрезентативец и еден од најдобрите македонски куглари на сите времиња, Миле Димковски- екс репрезентативец, Бојан Влаќевски актуелен репрезентативец и носител на сребрен медал од последното светско првенство…