Кугларите на „Вардар” одат по нова победа во Сплит

Другите пишуваат:
Извор: репер.mk 04/09/2026

Кугларскиот клуб Вардар денеска пристигнува во Сплит, Хрватска каде ќе учествува на турнирот Мертојак на покана на истоимениот клуб кој прославува 20 години од постоењето.

Вардарци имаат две натпреварувања што ќе се одиграат викендов, а турнирот ќе трае од 3 до 6 септември.

Покрај Вардар, на турнирот учествуваат Кугларските клубови Мертојак од Сплит, КК “Поштар” КК “Посушје” како и женскиот кугларски клуб на Мертојак.
Финалето е закажано за 12 часот и 30 минути во недела.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*