Уште еден европски успех во низа за нашиот претседател Димитар Димитровски. Овој пат заедно со нашиот екс соиграч Бојан Влаќевски го освоија европскиот НБЦ куп во Апатин, Србија, каде учествуваше и Вардар, бранејќи ги боите на КК Мертојак од Сплит.
Диме е најдобриот играч и во полуфиналната и во финалната пресметка против екипи од двете најсилни лиги во Европа, Хрватска и Германија. Со резултати од 647 и 667 и два пати играч на натпреварот, го поведе Мертојак до уште еден златен медал и пехар во витрините на хрватскиот клуб.
Горди сме на нашите македонски интернационалци, посебно на нашиот Диме!



Leave a Reply