Другите пишуваат:
Извор: vardarfans.mk 05/10/2026
Кугларскиот Клуб Вардар, денес гостуваше во дербито кај Пелистер во Битола. Црвено-црните беа ослабнати за едни од најстандрните и најдобрите играчи: Димитровски Дарко, Коста Ристовски и Тони Тодоровски.
Сепак црвено-црното срце не се предаде и кога е најтешко со комбиниран тим дојдоа до речиси максимална победа. Остваривме висока победа над фаворит во оваа средба со резултат 1-7. Со дури 104 “дрва” предност или во сетови 10:14.
Јанковиќ имаше 583, Димовски дојде до 569, а Влатко Стојановски впиша 566 соборени “дрва”. Поенираа исто така Бранко Митиќ и Влатко Гиевски. Одличен кам-бек имаше Мартин Митиќ со 563 по долга кугларска пауза



Leave a Reply