Вардар-А со максимална победа вчера, следи дерби за пехар со Макпетрол

Другите пишуваат:
Извор: vardarfans.mk 01/06/2021

Вчера во кугларницата „Мусандра“ наш ривал беше  тимот на ЖКК ГТЦ Мусандра. Сосема очекувано тимот на КК Вардар-А  ја оправда  фаворитската улога и дојде до максимална победа на оваа средба од 9.коло во Македонската кугларска лига.

На оваа средба ние победивме со резултат 0:8, освоивме 19 сета наспроти 5 на ривалот. Вкупно соборивме 3227 „дрва“, противникот дојде до бројката 2888. Кај нас најдобар скор имаше искусниот Манев (588),  Дарко Димитровски беше втор со 568 „соборени дрва“, а Јанковиќ Саша впиша 558 соборени дрва.

Ова беше  последниот дуел во Македонската кугларска лига пред големото дерби со Макпетрол, натпревар кој има оваа сезона голема тежина. „Пумпашите“ се зад нас  со бод по досегашните кола па победникот во кугларското дерби ќе направи сериозен исчекор кон пехарот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*