Кугларите на KK Вардар 2014 A во рамки на 2 коло од МКЛ одиграа натпревар против КК Макпетрол-Б. Црвено-црните на оваа средба беа подобри со резултат 2 : 6. На дуелот кој се одигра во кугларницата „Мусандра“ во првата серија за Вардар настапија: Саша Јанковиќ, Коста Ристевски и Коста Манев. Ривалот по првиот блок поведе со 2 : 1 иако екипата на Вардар имаше водство од дури 116 „дрва“, Поенот за Вардар го освои Коста Манев со резултат од 593 кој беше доволен за освојување на топ 2 позицијата на колото.
Во вториот блок настапија варадаровите: Пецо Димовски, Бранко Митиќ и Димитар Димитровски. Сите вардарци ги совладаа своите противници и конечниот резултат беше 2 : 6 во бодови. Вардар имаше 3309 „соборени дрва“ наспроти 3053 односно дури 256 повеќе од противникот. Во сетови дуелот го добивме со 17,5 према 6,5.
КК Вардар 2014 Б пак беа на гости кај екипата на КК ГТЦ од Скопје. Дуелот започна со настапот на тројцата вардарци: Ивица Петрески, Љупчо Митиќ и Зоран Ристиќ. По многу неизвесната прва серија Вардар поведе со 1 : 2 во сетови и 15 „дрва“ предност. Сетовите ги освоија Љупчо Митиќ и Зоран Ристиќ.
Во втората серија за Вардар настапија: Столе Ѓорѓиевски, Мартин Митиќ и Влатко Стојановски. Искусните поединци на ГТЦ предводени од Менсур Ајдин – 564 успеаа да ја вратат предноста и да забележат победа од конечни 6 : 2 или 3049 „соборени дрва“ наспроти 3018 .
Линк до преглед на колото на страната на КФМ
Leave a Reply