Вардар го совлада Макпетрол-Б со 7:1

Во рамки на 5.коло од Македонската кугларска лига, шампионот Вардар  се сретна со  втората екипа на КК Макпетрол, екипата „Б“. Во дуелот кој се одигра во кугларницата „Мусандра“ црвено-црните дојдоа до победа со високи 7-1.

Текот на мечот беше неизвесен, отпорот на ривалот го скршивме во финишот и успеавме да дојдеме до победа. Во сетови нашите момци беа подобри со 8,5:15,5, ние соборивме  3263 „дрва“ наспроти 3194 на плаво-жолтиот тим.  Победата е добра  за враќање на самодовербата и покрај преполовениот играчки ростер во споредба со претходната шампионска сезона.

Од нашиот тим Тони Тодоровски со 569 „дрва“ имаше најдобар скор, Димитровски Дарко впиша 549, а едно помалку „дрво“ имаше Коста Ристевски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*